Alaattin Doğru
03 Јануари 2022•Ажурирај: 04 Јануари 2022
АНКАРА
Во Франција премиерот Жан Кастекс ќе се состане со министрите за да разговараат за порастот и ефектите од епидемијата на Ковид-19, поради тоа што повеќе од 60 отсто од позитивните случаи се со варијантата Омикрон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кастекс ќе ја оцени ситуацијата на состанокот што ќе го одржи со 10 министри, стравувајќи дека стапката на ширење на вирусот ќе се зголеми по божиќните и новогодишните празници.
На состанокот ќе се разговара за влијанието на ширењето на варијантата Омикрон во болниците, образованието, јавниот транспорт и службите за спроведување на законот.
Министерот за здравство, Оливие Веран, рече дека јануари ќе биде тежок месец за болниците поради варијантите Делта и Омикрон.
Наведувајќи дека случаите на варијантата Делта ги пополнуваат одделенијата за интензивна нега, а Омикрон нормалните болнички услуги, Веран рече дека четвртата доза од вакцината против Ковид-19 наскоро би можела да биде на дневен ред за лицата со ризична здравствена состојба.
Веран повика на дополнителни дози за да се достигне целта од 25 милиони дози во рок од пет недели.
Во Франција во петокот со 232.200 случаи е забележан најголемиот дневен број заболени од почетокот на епидемијата.