Atila Altuntaş
03 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
СТОКХОЛМ
Шведската здравствена компанија со седиште во Мелнлике соопшти дека Франција конфискувала милиони маски за лице и ракавици што од Кина биле испратени за Италија и Шпанија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Додека продолжува пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), избувна криза за маски меѓу четири земји членки на Европската Унија: Шведска, Франција, Италија и Шпанија.
Шведската здравствена компанија со седиште во Мелнлике на својата официјална интернет-страница објави дека Франција конфискувала милиони маски за лице и ракавици што од Кина биле испратени за Италија и Шпанија.
- „Ова претставува крајно вознемирувачки и непристоен акт“
Генералниот директор на компанијата, Ричард Тумеј, информирајќи дека споменатиот материјал требало преку Франција да биде испратен до Италија и Шпанија, истакна: „Франција го забрани извозот на здравствените производи. Таа ги конфискуваше маските и ракавиците кои не се нејзин производ. Ова претставува крајно вознемирувачки и непристоен акт.“
Тумеј изјави дека по неочекуваниот потег од страна на Франција, компанијата била принудена од Кина да увезе ново количество на споменатиот здравствен материјал кој овој пат преку Белгија ќе биде испратен до Италија и Шпанија.
Од друга страна, минатата недела „Хафингтон пост“ објави вест во која се вели дека Германија ги конфискувала маските кои биле увезени од Кина и преку Германија требало да бидат испратени во Италија.