Yusuf Özcan
23 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
ПАРИЗ
Во Франција бројот на починатите како последица на заразата со коронавирус се зголеми на 860, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство на Франција Оливиер Веран изрази надеж дека наскоро ќе ја победат оваа пандемија.
Веран изјави дека оваа недела 20 милиони маски ќе бидат поделени на болниците и домовите за стари лица. Според неговите зборови, бројот на заразени лица е зголемен за 3.838, со што моменталниот биланс изнесува 19.856.
Веран потврди дека на одделенијата за интензивна нега се наоѓаат 2.082 лица.
Во последните 24 часа, според неговите зборови, од последица на зараза со коронавирус починале уште 186 лица. Веран изјави дека вкупниот број на починатите као последица од заразеност со новиот тип на коронавирусот достигнал бројка од 860 лица.
Тој нагласи дека во Франција секојдневно се извршуваат околу 5.000 тестирања на вирусот.
Во Франција денес е достигнат најголем број на смртни случаи и заразени лица во еден ден. Од последиците назаразеност со вирусот Ковид-19 во оваа земја досега починаа и пет лекари.