Yusuf Özcan
18 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
ПАРИЗ (АА) - Францускиот лекар и добитник на Нобеловата награда за медицина Лик Монтањије изјави дека коронавирусот (Ковид-19) најверојатно е произведен во некоја од лабораториите во кинескиот град Вухан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Добнитникот на Нобеловата награда од 2008 година, Монтањије за интернет сајтот „Pourquoi docteur“ рече дека не верува во официјалните тврдења дека коронавирусот се по природен пат се појави на илегалните пазари во Вухан.
„Вирусот кој предизвикува Ковид-19 е произведен во лабораторија во Вухан. Таа лабораторија во текот на 2.000-тите години се специјализираше за коронавируси", рече Монтањије и додаде дека лично добро ја истражил таа тема.
Монтањије и за телевизијата CNEWS рече дека е сигурен оти новиот тип на коронавирусот не се појавил по природен пат, туку е во прашање производ зад кој стојат стручни луѓе.
„Не знам со која цел го произведоа. Можно е дека се работи за сегментите на ХИВ и дека се трагало по вакцина за АИДС", рече Монтањије.