Selman Aksünger
24 Ноември 2021•Ажурирај: 25 Ноември 2021
АМСТЕРДАМ (АА) - Холандската здравствена управа (NZa) објави дека 14 од 73 болници низ целата земја не биле во можност да го обезбедат потребниот третман за пациентите со Ковид-19 поради недостиг на слободни кревети, јавува Агенција Анадолија (АА).
„„Важните операции“ во многу болници се одложени поради коронавирусот, поради пополнетост на болничките капацитети“, се вели во соопштението на НЗА, и се додава дека поради тоа 49 болници се спречени да ги извршуваат планираните операции и лекувања.
Во меѓувреме, Холандскиот национален координативен центар за распределба на пациенти (LCPS) соопшти дека пациенти со Ковид-19 биле пренесувани во болниците во Германија поради брзото пополнување на болничките капацитети.
Официјалниот претставник од координативниот центар, Моник Џејкобс, за холандската телевизиска мрежа НОС (NOS) изјави дека иако случаите на коронавирусот се зголемуваат во Германија, уште 20 кревети остануваат резервирани за холандските пациенти во тамошните болници.
Бројот на новозаразени со коронавирусот во Холандија е во пораст од октомври, а бројката на лица позитивни на Ковид-19 во текот на минатата недела ја надмина границата од 20.000 случаи на дневно ниво.
Најмалку 23.039 лица се дијагностицирани со Ковид-19 во текот на изминатите 24 часа во Холандија.
Земјата воведе задолжителна мерка за физичка дистанца од 1,5 метри за да го спречи ширењето на вирусот, со парична казна од 95 евра за прекршителите.