Abdullah Aşıran
06 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
РОТЕРДАМ
Премиерот на Холандија, Марк Руте, призна дека Владата направила некои грешки во стратегијата за вакцинирање, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Претставничкиот дом во земјата се одржа седница со цел да се разговара за владината политика за вакцинирање, која е критикувана од страна на опозицијата, како и од коалициските партии.
Руте на оваа седница говореше против критиките кон владината политика за вакцинирање, нагласувајќи дека Владата направила план во стратегијата за вакцинирање преку погрешна фирма за вакцинирање.
„Кон крајот на ноември помисливме дека друга вакцина ќе биде подготвена порано и имавме доверба во тоа. Кога се откри дека вакцината на Фајзер е подготвена порано, Холандија не беше подготвена за тоа“, рече Руте.
Тој истакна дека ќе биде многу подобро доколку вакцинацијата започне порано од планираниот датум.
Инаку, првата вакцинација во Холандија ќе започне два дена порано од тоа што беше планирано, односно два дена пред 8 јануари.
Вакцинацијата на 6 јануари најпрвин ќе се изврши на здравствените работници во болниците во некои градови.
Министерот за здравство на Холандија, Хуго де Јонге, пред неколку дена нагласи дека Холандија всушност ќе можеше порано да започне со вакцинација, но призна дека се фокусирале на погрешна вакцина, и додаде: „Доколку е направена грешка, го признаваме тоа.“