Dzihat Aliju
23 Април 2016•Ажурирај: 24 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Овогодишен претставник за Сан Марино на 61-то издание на Евровизија, што ќе се одржи во шведскиот главен град, Стокхолм, ќе биде Серхат Хаџипашалиоглу со песната со наслов "I Didn't Know". “Сан Марино нека биде Турција на Евровизија за оваа година “, рече Серхат, во разговорот за Anadolu Agency (AA).
Хаџипашалиоглу, кој присуствуваше во Скопје, со цел да ја промовира својата песна, во разговор за АА ги изнесе своите случувања и очекувања поврзани со Евровизискиот настап.
По исказот за остварениот мошне напорен период во промотивни посети на 9 различни земји, Хаџипашалиоглу истакна и дека оваа година за прв пат еден турски уметник ќе настапува за странска земја.
“Првенствено, интересен е фактот што една Европска земја ќе биде претставувана од пејач кој живее во Турција. Тоа се нема случено досега “, изјави Хаџипашалиоглу, притоа изразувајќи ја честа која му припаѓа за учество на фестивалот.
Националната телевизија на Сан Марино, забележувајќи го високиот успех на топ листите во Германија и Англија, што овој пејач го оствари минатата година со песната на француски "Je M'adore", по донесување на одлука за потрага по пејач, чија популарност расте во Европа, стапила во контакт со неговиот менаџер, објасни Хаџипашалиоглу.
Хаџипашалиоглу изјави дека првенствено се зачудил за добиената понуда, но дека понатаму разбрал дека истата е една голема прилика за него лично како и една голема одговорност. Расажувајќи за позитивните реакции пристигнати по дознавањето на веста, Хаџипашалиоглу го кажа следното:
“Прво беше објавено во Сан Марино. Потоа организиравме прес конференција во Истанбул, на која беа присутни околу 100 новинари. Она што ме направи среќен беше позитивното совпаѓањето на јавното мислење на граѓаните со она на медиумите. Го сфатија сето ова како гордост за Турција, и ми ја дадоа довербата. Поубаво нешто од тоа не беше можно. Искрено и јас бев многу трогнат. Ја чувствувам поддршката од цела Турција на моја страна.”
- “Знамето на Турција ќе се вее оваа година на Евровизија “
Хаџипашалиоглу истакна дека покрај изведбата, песната е напишана од страна на турски автор, така што постојата двајца Турци во овој проект.
"Токму затоа се стремиме кон висок пласман. Со месеци се спремаме за настапот, и сме во очекување на најдоброто" ,рече тој.
Пејачот го изрази чувството на копнеж и недостиг кон Евровизија од страна на турскиот народ, поради фактот што Турција немаше свој претставник во последните 4 години на фестивалот.
Тој ги искажа своите желби за повторен официјален настап на Турција на Евровизија следната година, каде ќе се вее турското знаме. Овој пејач е во лично очекување за поголема поддршка од турското население, кое живее во Европа, испраќајќи порака до гласачите од Европа за поддршка. Полуфиналните вечери ќе се одржат од 10-12 Мај , а финалето на Евровизија е закажано за 14-ти Мај.
- Кој е Серхат Хаџипашалиоглу?
Роден во Истанбул во 1964 година, за јавноста стана познат по водителската улога во квизот Ризико на турската национална телевизија.
Тој во Стокхолм на Евровизија 2016, ќе ја претставува државата Сан Марино , со песната "I Didn't Know".