?????
08 Ноември 2015•Ажурирај: 13 Ноември 2015
Членовите на движењето Фатах во Газа отворија изложба на фотографии по повод одбележувањето на 11-годишнината од смртта на поранешниот палестински претседател Јасер Арафат, јавува Anadolu Agency (АА).
Членот на комитетското движење Фатах Зекири ел Ага, рече дека "Арафат е симбол за сите Палестинци".
Покрај фотографиите на Арафат на изложбата се изложени и слики од соосновачот на движењето на Хамас Ахмед Јасин врз кој беше извршен атентат, како и други истакнати личности кои станаа симбол на многу Палестинци .
Ага изјави дека Изложбата ќе биде отворена два дена.
Поранешниот претседател на Палестина и лидер на Палестинската ослободителна организација почина на 11.11.2004 година во една болница во Париз, на 75 годишна возраст .