ВАШИНГТОН (АА) - Во Лос Анџелес синоќа се одржа 91. церемонија на доделувањето на најпрестижните филмски награди „Оскар“, а гала вечерта изобилуваше со првенци, пишува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата за првпат по три децении се одржа без класични водители, а на сцената место најдоа и заедниците кои претходно не ја имаа оваа можност.
Доделени се Оскари во вкупно 24 категории, а наградата за најдобар филм ја доби „Green Book“ („Зелената книга“), биографска приказна за црномурестиот џез-пијанист Дон Ширли и неговиот возач и телохранител белец.
Истата филмска екипа се закити и со наградата за најдобра филмска фотографија, а Маршал Али за улогата на „Ширли“ ја освои наградата и за најдобра споредна улога.
Церемонијата во театарот „Долби“ ја отвори познатата група „Квин“, а мексиканско-американскиот филм „Roma“ („Рома“) ја освои наградата за најдобар странски филм. Истиот филм е награден и за најдобра кинематографија.
Режисерот на „Рома“, Алфонсо Куартон, е добитник на наградата за најдобар режисер.
„Ѝ се заблагодарувам на Академијата што го препозна филмот концентриран на животот на единствената жена, еден меѓу милионите домашни работници кои се без права“, рече Куарон.
Синот на египетскиот мигрант Рами Малек се закити со Оскар за најдобра глума во филмот „Боемска рапсодија“ („Bohemian Rhapsody“), приказната за Фреди Меркјури.
Токму „Боемска рапсодија“ беше филмот кој синоќа собра вкупно четири Оскари, според што е најмногу наградуван филм на ноќта.
Оскар за најдобра женска улога доби Оливија Колман за улогата на кралицата Ана во историската драма „Миленичка“ на Јоргос Лантимос, за која веќе ја освои наградата БАФТА и Златен глобус.
Инаку, во рамките на церемонијата за доделување на Оскари, светски познатите ѕвезди имаа можност да ги вкусат турските деликатеси. Со напорите на турското „Здружение за интеграција на заеднички генерации“ (T-ONE), бројни турски деликатеси, од главни јадења па сѐ до десертот, и оваа година беа присутни на менито на оваа церемонија.
Листа на освоени Оскари:
Најдобар филм: „Зелена книга: Водич за животот“ („Green Book“)
Главна машка улога: Рами Малек („Боемска рапсодија“ („Bohemian Rhapsody“)
Главна женска улога: Оливија Колман („Миленичка“)
Споредна машка улога: Махершала Али, „Зелена книга: Водич за животот“
Споредна женска улога: Реџина Кинг („If Beale Street Could Talk“)
Режија: Алфонсо Куарон („Рома“ („Roma“)
Оригинално сценарио: „Зелена книга: Водич за животот“
Адаптирано сценарио: „BlackKklansman“
Филм на странски јазик: Мексико - „Рома“
Фотографија: „Рома“
Монтажа: „Боемска рапсодија“ („Bohemian Rhapsody“)
Сценографија: „Црниот пантер“ („Black Panther“)
Костимографија: „Црниот пантер“ („Black Panther“)
Шминка: „Човекот од сенка“
Оригинална музика: „Црниот пантер“ („Black Panther“)
Оригинална песна: „Shallow“ („Sвездата е родена“)
Звук: „Боемска рапсодија“ („Bohemian Rhapsody“)
Монтажа на звук: „Боемска рапсодија“ („Bohemian Rhapsody“)
Визуелни ефекти: „Првиот човек“
Анимиран филм: „Спајдермен: Новиот свет“ („Spider-Man – Into the Spider-Verse“)
Краткометражен анимиран филм: „Бао“
Документарен филм: „Free Solo“
Краткометражен документарен филм: „Period. End of Sentence“
Краткометражен игран филм: „Skin“
news_share_descriptionsubscription_contact
