Husamedin Gina
30 Април 2021•Ажурирај: 02 Мај 2021
СКОПЈЕ
Познатиот балкански изведувач на духовна музика Бурхан Шабан денеска во Скопје го промовираше неговиот нов и прв албум и видео запис на албански јазик насловен „Слободен Роб“ (Rob i lirë) , јавува Агенција Анадолија (АА).
На настанот организиран по повод промоцијата на албумот, Бурхан Шабан потсети дека во светот на музиката работи повеќе од 30 години, додавајќи дека на интернет е познат и како музички уметник од Босна и Херцеговина.

Наведувајќи дека уметничкиот живот го започна во Босна и Херцеговина, рече дека роден е во Скопје, има блиски пријатели Албанци во Скопје и затоа одлучил да подготви албум со духовна музика и на албански јазик, а со тоа да се упати и пораката дека „ние во овие области сме заедно, ќе продолжиме да бидеме заедно и ќе бидеме моќни."
Тој посебно се осврна на духовната песна насловена како „Слободен Роб“ и рече дека целиот албум се состои од 10 песни.
„Се работи за еден поинаков албум. Има 10 песни. Особено, тука би сакал да го споменам името на авторот на првата песна, Фатмир Муја. Напиша прекрасна песна. За оваа песна снимивме и видео спот. Целиот албум се состои од 10 песни, од кои 7 се на албански јазик. Дадовме се од себе. Направена е многу професионална работа“, потенцираше Шабан.
Додавајќи дена целта на албумот е љубителите на музиката да бидат задоволни, Шабан рече дека се надева во тоа дека овој проект ќе биде успешен.