Selman Aksünger
03 Декември 2021•Ажурирај: 04 Декември 2021
АМСТЕРДАМ (АА) - Во сенка на пандемијата на коронавирусот во Амстердам, главниот град на Холандија, започна Фестивалот на светлосната уметност, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фестивалот се смета за еден од најважните во Европа, на кој секоја година присуствуваат околу милион луѓе.
Фестивалот на светлосна уметност се состои од светлосни инсталации подготвени од уметници, дизајнери и архитекти од Холандија и различни земји низ светот.
Посетителите можат да уживаат во светлосните перформанси на и околу познатите места во градот, со тури со брод.
Фестивалот е отворен од 7:00 до 9:00 часот изутрина и меѓу 15:00 и 17:00 часот, бидејќи холандската Влада ги затвора продавниците од 17:00 часот, со цел сузбивање на сѐ поголемиот број на случаи на Ковид-19.
Фестивалот ќе трае до 23 јануари наредната година.