Ayşe Doğru
18 Декември 2019•Ажурирај: 20 Декември 2019
АТИНА (АА) - Недалеку од Пелопонез, на јужниот дел на Грција, се откриени две кралски гробници стари околу 3.500 години, јавува Агенција Анадолија (AA).
Како што е соопштено од грчкото Министерство за култура, се работи за монументални гробници кои датираат од периодот 1650 - 1100 година пред новата ера.
Во гробниците се пронајдени златен прстен печат и златен талисман на египетската божица. Од Министерството е наведено дека откритието е важно бидејќи ја осветлува раната фаза на микенската цивилизација.
Гробниците се пронајдени по двегодишна работа на археолозите од американскиот Универзитет „Синсинати“.
Од Министерството наведоа дека покривите со форма на куполи во близина на палатата од бронзениот период во Пилос се срушиле во текот на античкиот период и гробниците се наполнети со земја, така што разбојниците не можеле да влезат во гробовите и целосно да ги ограбат.
Двете гробници со големина од 8 и 12 метри припаѓале на микенското кралско семејство.