AA
16 Декември 2015•Ажурирај: 18 Декември 2015
ЏАКАРТА (АА) - Во градот Тангеранг, во близина на Џакарта, главниот град на Индонезија, започнаа подготовките за празниците во кој невообичаено е украсен еден бор, јавува Anadolu Agency (AA).
Борот пред црквата Санто е висока осум метри. Но, она што го привлекува вниманието се украсите, затоа што тој е украсен со светла и украсни орнаменти, но се користени и околу 10 илјади лименки од пијалаци.
Џакарта е најголемиот економски и индустриски центар на Индонезија, со бројни фабрики за челик, алуминиум, текстил, фабрики за чевли и прехранбени производи. Истовремено е и голема порта на Индонезија со врски до речиси сите острови на индонезискиот архипелаг.