Admir Fazlagic
29 Март 2017•Ажурирај: 31 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) - Со свечено отворање вечерва во Скопје започна второто издание на „Fashion & Lifestyle Expo" кое ќе се трае до 31 март 2017, во фоајето на Македонската опера и балет, Anadolu Agency (AA).
Настанот обединува поголем број области почнувајќи од мода, автомобилизам, модни додатоци како часовници и накит, до внатрешно уредување, архитектура, уникатно дизајниран и стилизиран мебел и предмети за домаќинство, уметност и фотографија, приготвување на храна и пијалаци, последните трендови во дизајнот, технологијата и друго.
Огнена Ристовска, од „Моментум", која работи на организација на „Fashion & Lifestyle Expo" во изјава за АА вели дека и второто издание на „Fashion & Lifestyle Expo" на посетителите ќе им понуди богата содржина.
„Се е во најдобар ред има многу што да се види овааа година од областа на модата, од областа на дизајнот, од областа на храна и пијалоци, од областа на необични патувања, се она што сочинува еден Lifestyle, имаме вкупно 38 учесници со изложбен простор и богата програма на шест сцени", вели Ристовска објаснувајќи дека во текот на овие два дена ќе се организираатдневни работилици а за вечерниот дел се предвидени вечерни перфоманси.
Јана Ацевска дизајнер, осовач на студио за дизајн „Капка" во изјава за АА вели дека за прв пат учествува на „Fashion & Lifestyle Expo", кадешто има можност да ги претстави своите рачно изработени креации. За својот накит вели дека е поуникатен, бидејќи е рачно рачно изработен, но пристапот на изработување е современ.
„Мојата последната колекција Рефлекси е проект кој го развивам изминатата година, инспириран од дел од македонска народна носја, ќустеци, го работам во соработка со жени кои сеуште ја користат истата техника на плетење", раскажа дизајнерката Ацевска.
Второто издание на „Fashion & Lifestyle Expo", ветува тридневно бегство од секојдневието и рутината и нуди збогатена и освежена содржина – како во изложувачкиот, така и во програмскиот дел, велат организаторите.