Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Zeynep Hilal Karyağdı
25 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
КАИРО (АА) - Во Каиро, главниот град на Египет, отворена е изложба на која се изложени 350 уметнички предмети запленети при обид за криумчарење во странство, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Музејот на Египет, во Каиро, изложени се предмети одземени од криумчарите во изминатите 30 години.
Директорот на музејот, Халид Анани изјави дека предметите се поврзани со екипетската, грчката, римската и исламската култура.
Изложбата на која посетителите, меѓу останатото, можат да видат статуи, оружје, пари и слики, ќе биде отворена до 15 декември.