Admir Fazlagikj
27 Ноември 2015•Ажурирај: 28 Ноември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа Милевска, денеска во својот кабинет оствари средба со членовите на ансамблот на Турскиот театар- Скопје по повод 65 години постоење од Турскиот театар, јавува Anadolu Agency (AA).
Канческа-Милевска упати благодарност до турскиот театар за сето она што овој театар го има направено за македонската уметност.
“Турскиот тетар е една многу значајна национална инстиуција којашто големиот растеж во овие изминати години, го оствари со нивната голема посветеност во работењето, нивните претстави и ипремиери не само на домашен терен туку и во меѓународен контекст” , изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, истакнувајќи дека Турскиот театар има едно неоспорливо значење, бидејќи, како што рече , тој е “единствениот театар на Балканот кој повеќе од половина век делува надвор од границите на Република Македонија.”
Канческа-Милевска потсети дека со одлука на Владата на РМ започна изградбата на нов објект којшто ќе биде наменет за турскиот театар бидејќи досега два ансамбли, албанскиот и турскиот театар и функционира во иста просторија.
“Ќе имаат и просторни, технички и технолошки услови, тоа е нешто што го заслужуваат вработените од турскиот театар” ,рече министерката.
Директорот на Турскиот театар, Атила Клинче во својата изјава изрази благодарност за укажаната почит, истакнувајќи дека со Министерството за култура на Република Македонија имаат одлична соработка.
“Имаме извонредна соработка за култура со Министерството за култура. Наскоро ќе добиеме и извонреден велелепен културен храм каде ќе ги изведуваме своите претстави” , изјави Клинче, кој исто така информираше дека на крајот на месец декември ќе се промовира монографија за сите дострели и за сето она што турскиот театар го има направено во областа на културата и уметноста во текот на своето постоење.
По повод 65 години постоење од Турскиот театар- Скопје, на 22 декември премиерно ќе биде изведена претставата “Генерална проба за самоубиство” од Душан Ковачевиќ.
Клинче рече дека Турскиот театар има 33 вработени од кои 19 се актери, а во блиска иднина во театарот ќе бидат вработени уште 15 нови лица.
Доаенот на Турскиот театар, Салаетин Билал, во име на Управниот одобор на Турскиот театар на министерката за култура и врачи плакета за извонредната соработка помеѓу Министерството за култура и Турскиот театар, изразувајќи благодарност за добрата соработка со надеж дека истата ќе продолжи да се одвива и во наредниот период.
Турскиот театар пред четири години доби и Орден за заслуги за Македонија од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.
Инаку, турскиот театар е формиран на 9 јули 1950 година кога е одиграна претставата "Сомнително лице" од Бранислав Нушиќ , а во режија на Абдуш Хусеин.