Alma Çekovic
15 Мај 2016•Ажурирај: 16 Мај 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Следната година натпреварот за песна на Евровизија ќе се одржи во Украина, чијшто претставник Џамала со песната „1944” ја однесе победата на синоќешниот Евросонг во Стокхолм со 534 бода.
Патот до победата беше неизвесен и полн со исчекување до самиот крај на броењето на гласовите, но и покрај тоа, на крај победничкото славење ѝ припадна на Џамала.
Џамала ја изведе песната „1944” која говори за големото страдање на нејзиниот татарски народ. Околу 200.000 Татари во 1944 година за само три дена се протерани од Крим во Сибир, многумина на тој пат починаа.
Второто место на 61-то издание за песна на Евровизија (Евросонг) ѝ припадна на Австралија која освои 511 бода, а третото на Русија со освоени 491 бод.