Mustafa Yalçın
10 Август 2018•Ажурирај: 12 Август 2018
ПАРИЗ (АА) - Продолжува големиот интерес на посетителите за градината на францускиот уметник Моне во гратчето Живерни, кое се наоѓа на оддалеченост од 73 километри од главниот град на Франција, Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Одвреме-навреме се создаваат долги колони од посетителите кои за цена од 9,5 евра сакаат да ги посетат домот и градината на Клод Моне.

Градината, во 2017 година, од 15 март до 1 ноември ја посетија 638.000 лица.
Лорен Ешубар, одговорен за Фондацијата „Моне“, за новинарот на АА изјави дека оваа година бројот на посетители е зголемен за 3 отсто, во споредба со истиот период лани.
Ешубар информираше дека 53 отсто од посетителите се странски туристи, истакнувајќи дека градината на Моне се наоѓа на второто место според посетители, по катедралата Мон Сен Мишел, сместена во подрачјето на Нормандија.

- Кој е Клод Моне?
Клод Моне, роден во Париз, на 43-годишна возраст се преселува во гратчето Живерни. Моне, кој во почетокот во Живерни се сместува како потстанар, за период од 7 години, стекнувајќи доволно финансиски средства, ја откупува куќата и пред неа создава градина за која мечтаел. Инспириран од својата градина, во периодот 1914 - 1917 во Живерни го создава делото „Nympheas en Fleur“, кое во мај годинава на аукција во Њујорк е продадено за цена од 84,6 милиони долари.
Клод Моне почина во 1926 година, во својот дом во Живерни, од рак на белите дробови, на 86-годишна возраст. Уметничкото дело „La Meule“, кое го заврши во 1891 година во својот дом во Живерни, во 2016 година на аукцијата во Њујорк е продадено за 81,4 милиони долари.