Ali Cura
05 Октомври 2021•Ажурирај: 06 Октомври 2021
МОСКВА
Русија од базата „Бајконур“ во Казахстан со леталото „Сојуз MС-19“ го испрати својот тим, кој ќе снима филм во вселената за прв пат во историјата на кинематографијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тимот, кој доби специјална обука во подготвителниот центар за космонаути „Јуриј Гагарин“ за снимање на филмот „Тестирање“ („Vyzov“), заеднички проект на Руската вселенска агенција (ROSCOSMOS), Првиот канал и една продуцентска компанија, се качија на вселенското летало „MС-19“ во базата „Бајконур“ по завршувањето на подготовките.
Леталото со режисерот на филмот, Клим Шипенко, актерката Јулија Пересилд и космонаутот Антон Шкаплеров, беше лансирано во вселената во 11:55 часот по средноевропско време.
Дел од филмот, што ќе влезе во историјата на кинематографијата како „првиот долгометражен драмски филм снимен во вселената“ ќе се снима во Меѓународната вселенска станица. Екипата ќе остане во Меѓународната вселенска станица 12 дена.
Филмската екипа треба да се врати на Земјата на 17 октомври со леталото „Сојуз MС-18“, предводено од космонаутот Олег Новискиј.