Besar Ademi
18 Февруари 2017•Ажурирај: 18 Февруари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Од вечерва до 23 на овој месец, во просториите на Чифте амам во Стара чаршија во Скопје ќе биде отворена изложбата на слики „Вртење во празен простор“ на турската авторка Бетул Бурназ, во организација на турскиот културен центар „Јунус Емре" - Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Изложбата, насловена како „Вртење во празен простор“ се состои од 33 дела на маслена техника, а преку геометриски јазик кој се користи во овие слики, авторката го изразува верата и поччита кон Бога. На различни начини, во секоја слика на апстрактни површини се напишани имињата на Господ на на арапски.
Заменик-директорот на културниот центар „Јунус Емре“ - Скопје, Фуат Коркмаз, рече дека изложбата на авторката Бетул Бурназ е карактеристична, бидејќи самата авторка е родена на Истокот и образована на Западот. Според него, оваа изложба претставува комбинација на источните и западните вредности.
„Ние како ‘Јунус Емре’ секој пат имаме за цел да ги зближуваме книжевните, културните и уметничките вредности со сите љубители на оваа област во Македонија. Ние ќе продолжиме со истите чекори и во иднина“, рече Коркмаз.
Во меѓувреме, авторката на делата Бетул Бурназ рече дека таа како уметник родена на Исток и која се образовала на Западот, е посветена со овие дела да достигне синтеза помеѓу вредностите од истокот и западот.
„Оваа изложба се состои од 33 дела и со посебна техника на апстрактна површина, се деформирани облици и форми на пишување на Аллах на арапски јазик“, рече Бурназ.
На отворањето на изложбата „Вртење на празен простор“, меѓу гостите и љубителите на уметноста, присуствуваше и ректорот на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), Исмаил Коџајусуфоглу, советникот за култура и информации при Амбасадата на Турција во Скопје, Хакан Озчелик, и членот на Уставниот суд на Македонија, Салих Мурат.
Претходно, изложбата „Вртење во празен простор“ беше отворена во Подгорица, Приштина, Мостар и во Тирана, а во Скопје авторката ја завршува турнејата на Балканот.
Инаку, Бетул Бурназ е родена во 1978 година во Истанбул. Заврши постдипломски студии на Универзитетот во Виена. Од 1995 година, нејзиниот уметнички живот се развил од Турција во Виена, со различни техники, како што се јаглеродниот молив, Ебру, акрил, масло, калиграфија и разни ракотворби.
Нејзините дела се наоѓаат во голем број приватни колекции во Турција и пошироко.