Selçuk Acar
19 Мај 2017•Ажурирај: 20 Мај 2017
ЊУЈОРК (АА) - Аукцијата организирана од страна на аукциската куќа „Сотбис“ во Музејот за современа уметност во Њујорк, ја одбележа продажбата на делото на американскиот уметник Жан-Мишел Баскијат, чиј живот згасна поради дрога, на 27-годишна возраст, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот црномурест уметник Баскијат беше роден во Њујорк, а потекнува од Хаити и Порто Рико. Неговото уметничко дело „Без наслов”, изработено во 1982 година, за 10 минути, од почетната цена од 57 милиони долари, беше продадено за рекордна цена од 110,5 милиони долари.
Претходно, ова дело на една аукција во 1984 година беше купено од колекционерите Џери и Емили Спигел за цена од 19.000 долари.
Делото „Без наслов” на Баскијат, во мај 2016 година беше продадено на аукција за 57,3 милиони долари, a на овогодишната аукција урна еден нов рекорд, со продажба на ова дело на јапонскиот бизнисмен и колекционер на уметнички дела Јусака Маезва.