Cem Özdel
02 Јануари 2016•Ажурирај: 02 Јануари 2016
Њујорк (АА) - Голем број на лица во Њујорк со традиционално скокање во вода го одбележаа доаѓањето на Новата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу три илјади лица со рипање во вова и со пливање во Атлантскиот океан го одбележале првиот ден од новата 2016 година.
Инаку, традиционалното скокање во вода по повод Новата година во Њујорк се изведува уште од далечната 1903 година.
Оваа пракса исто така е забележана од Австралија и Јужна Африка па до бројните европски земји каде бројни граѓани скокаа во ледените мориња, реките и езерата.