Mahmut Atanur
26 Јануари 2016•Ажурирај: 28 Јануари 2016
ХАРБИН (АА) - Десетици илјади туристи уживаат во фестивалот на снегот и мразот, кој се одржува во северниот кинески град Харбин, јавува Anadolu Agency (АА).
Традиционалниот 32-ри фестивал на мраз и снег во Харбин беше отворен на 5-ти јануари и официјално ќе трае се до 5-ти февруари, но ледените скулптури и големите реплики на познатите светски градби ќе останат отворени и подоцна, во зависност од временските услови.
Главната атракција е Светот на мразот и снегот, кој е поставен на површина од 750.000 квадратни метри. За изработка на ледените скулптури се потрошени 330.000 кубни метри снег и мраз.
Меѓу репликите на познатите објекти од мраз, кои привлекуваат најголемо внимание на посетителите, беше од „Аја Софија” од Истанбул и московската катедрала „Св. Василиј”.
Светот на снегот и мразот нуди особено убава глетка во текот на ноќта, кога фестивалската поставка е осветлена со разнобојни светла. Преку ден посетителите уживаат во обиколка на изложбите на ледените скулптури на познати личности, животни и предмети.
Најмладите посетители најмногу внимание посветуваат на забавниот парк за игри на мраз.
Подготовките за Фестивалот, кој се одржува на почетокот на годината започнуваат од ноември, кога се собираат уметници од целиот свет и со помош на над 10.000 работници, го „создаваат” Светот на снегот и мразот.