Bekim Laci
25 Декември 2015•Ажурирај: 28 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Да се биде дипломат во странска земја е интересно, но истовремено бара и пожртвување за време на празниците, особено како што е овој божиќниот, бидејќи сите верски празници се прославуваат во кругот на семејството и со другите блиски, вели во разговор за Anadolu Agency (AA), Филипо Кандела, заменик-амбасадор на Италија во Скопје, зборувајќи за пожртвуваноста да се биде дипломат.
"Освен што си одделен од семејството, пријателите и блиските, истовремено и сопругата и децата кои се со тебе во дипломатските мисии го жртвуваат истото" ,објаснува Кандела кој вели дека во мисиите надвор од својата земја се обидува да ги импровизира спецификите кои ги има празникот при прославувањето во нивната земја.
"Се обидуваме да се собереме заедно сите и да славиме во некоја од куќите овде и во некое поголемо место за да ги импровизираме обичаите кои ги имаме дома.Ја китиме елката почнувајќи од осми декември", вели Кандела, кој додава дека главниот настан по повод празникот Божиќ е одењето во црква на полноќ кое тој ќе го направи заедно со своите колеги во Скопје.
Кандела разговорот го завршува дека неговата сопруга е православна црногорка, па поради тоа во неговото семејство се слават и католичкиот и православниот Божиќ.