Aişe Hümeyra Bulovalı
03 Февруари 2020•Ажурирај: 06 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Филмот „Горчлива цреша“ во копродукција на Турција и Северна Македонија во киносалите на Турција ќе се прикажува од 28 февруари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во филмот покрај познатите актери од Турција како што се Ердал Бешикчиоглу, Белчим Билгин, Булент Шакрак и Халил Ергун, настапуваат и Ертан Шабан и Луран Ахмети, кои се по потекло од Северна Македонија.
Филмот, кој е снимен во Битола, од една страна ја раскажува приказната на еден очаен татко, од друга страна ги одразува меѓународните проблеми.
Режисер на филмот е Сердар Акар. Филмот е во продукција на „NTC Medya“ и „Сектор“.