Sena Güler
15 Ноември 2017•Ажурирај: 16 Ноември 2017
МАЛАТЈА (АА) - Холивудскиот продуцент Џон Морисеј денес изјави дека расизмот сѐ е уште голем проблем во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Морисеј, кој го продуцираше филмот „American History X“ (Американскка историја икс), номиниран за оскар во 1998 година, пристигна во источната турска област Малатја за да присуствува на филмскиот фестивал.
„На крајот од 20. век, кога го направивме филмот „American History X“, мислев дека сѐ уште ги имаме овие проблеми и овој филм мора да биде направен. Сега, 20 години подоцна, ситуацијата е дури и полоша и сакам повторно да го објавам филмот“, вели тој за АА.
Филмот ја раскажува приказната за поранешен нео-нацист кој е затворен поради убивање на две црномурести млади лица и се обидува да го заштити својот помлад брат за да не тргне и тој по истиот пат како него.
Морисеј вели: „Темата на филмот е расизмот. Суштината на филмот е анализирање на она што ја создава омразата, расната омраза. Детето е родено невино. Како се развил расизмот?“
Тој додаде дека темата е особено важна за него, затоа што неговата мајка работела за афроамериканска пејачка во 1950 година.
„Пејачката беше Афроамериканка, таа беше црномуреста. Тоа беше во 1950 година, кога расизмот беше изразен“, вели Морисеј, додавајќи дека тој пораснал во дом предводен од црна жена.
Тој истакна дека неговата мајка и пејачката биле многу добри пријателки и тој тогаш не знаел дека постои такво нешто како што е расизмот.
Морисеј додава дека дури кога станал тинејџер сфатил оти постојат луѓе што имаат предрасуди кон Афроамериканците и оттогаш ги поддржувал движењата против расизмот.
Споделувајќи го своето искуство од детството, тој рече дека патувал со својата мајка за време на концертите на пејачката за која таа работела. Во многу случаи, хотелите не им дозволувале да останат во нивните простории, и тие морале да бидат префрлени во посебен хотел кој дозволува престој на црномурести луѓе.
„Затоа филмот е многу значаен за мене и го направив со страст“.
За време на Меѓународниот филмски фестивал во Малатја, тој се состана со 12 сценаристи и ги читаше нивните сценарија.
„Многу сум импресиониран од сценаријата што ги видов. Тука има неколку сценарија и тие се особено добри. Ниедно од нив не е лошо“.
„Некои од овие сценарија се во својата првична верзија. Некои поминале низ неколку промени. Но секое од нив има потенцијал, а некои го сфатија тој потенцијал. Мислам дека се добри“.