Stipe Mayiç
30 Март 2016•Ажурирај: 31 Март 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Амбасадата на Република Македонија во Загреб и амбасадороката Даниела Kараѓозовска на Факултетот за филозофија организираа тркалезна маса на тема „Глаголска книжевна традиција” - во чест на 1.100 години од смртта на Свети Климент Охридски, јавува Anadolu Agency (AA).
И оваа година во Македонија и ширум светот се чествува учителот и просветител, писателот и говорник, Св. Климент Охридски од чија смрт поминаа 1.100 години.
Даниела Kaраѓозовска ја истакна важноста на Климент Охридски за појавата и развојот на глаголската писмена традиција на старословенски јазик врз основа на јазикот на Македонските Словени од Солунско.
„Св. Климент Охридски се смета за основоположник на македонската црква, за чии потреби преведувал, напишал и прилагодил поголем број на дела, на начин на вешт говорник”, рече Kaрагјозоска.

Караѓозовска рече дека Свети Климент Охридски, по својот опус, особено за време на македонската преродба во 19-от век, стана светилник на борбата на македонските активисти за описменување на националниот јазик и литургија на црковно-словенски јазик".
Kaраѓозовска истакна дека Св. Климент Охридски стана симбол и заштитник на македонскиот идентитет во процесот на создавање на македонската национална свест.