Ekipa
03 Март 2025•Ажурирај: 06 Март 2025
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) – Училиштата за самба во Бразил се натпреваруваат на светски познатиот карневал во градот Рио де Жанеиро, јавува Анадолу.
Со своите разнобојни и креативни костими, кореографиите и умешноста во танцувањето се обидуваат да го привлечат вниманието на жирито, но и на многубројните посетители.
Карневалот, кој се одржува на познатиот Самбодром во централниот дел на Рио, е едно од најочекуваните случувања во Бразил што го следат илјадници домашни и странски туристи.