Admir Fazlagic
22 Октомври 2016•Ажурирај: 23 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Старата скопска чаршија како уникатно место на соединување на различните култури кои живеат во Македонија отсекогаш привлекувала големо внимание за сите нејзини граѓани, но и за странските туристи, кои во се поголем број ја посетуваат, уживајќи во културниот диверзитет кој им го нуди чаршијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Со цел промоција на Старата скопска чаршија како место во кое се преплетуваат различните култури, бизисни, традиционалните занаети и богатата архитектура постојат различни иницијативи од владините и невладините организции и институции кои настојуваат да ги промовираат вредностите и убавините на Старата скопска чаршија.
Една од неколкуте такви манифестации беше денешната, во чиј фокус беше ќебабот, поради што е насловена и како „Ќебапот-чаршиски бисер на соживот“ .
Ќебапот, кој според посетителите на Старата скопска чаршија претставува и нејзин симбол, по кој таа е пепознатлива, а од друга страна, исто така, ќебапот, како што денеска можеше да се слушне е „една од причините поради кои со задоволство се посетува чаршијата, за да се ужива во неговата дегустација".
Според организаторите, Општина Чаир,Македонско-бугарската стопанска комора, Стопанската комора на северо-западна Македонија и Здружението „Еснаф“ поддржани од Мнинистерството за економија на Република Макеоднија, манифестацијата „има за цел промоција на Чаршијата и на културниот и мултиетнички соживот, преку вкусот на ќебапот, како спој на истокот и западот."
Министерот за економија на Република Македонија, Дритон Кучи, во својот говор на денешната манифестација истакна дека чаршијата е симбол на традицијата, таа луѓето ги приближува до нивната заедничка цел- бизнис без граници.
„Главната карактеристика на чаршијата е тоа што еснафот е обединет во различностите. Затоа, ние како Министерството за економија, даваме континуирана поддршка за занаетчикиите со цел да го разубавиме ова уникатно градско јадро. Секоја година помагаме во зајакнување на еснафот и оджување на занаетчиите", рече министерот Кучи, додавајќи дека годинава ресорното министерство издвоило средства за субвенции за занаетчиите во износ од 1.600 000 денари.
Исто така, тој потсети и на еден од проектите кои се однесуваат на Старата скопска чаршија за санација и адаптација на излозите на дуќаните, но потенцираше дека овие активности ќе бидат извршени, а притоа нема да биде изгубен нивниот автентичен изглед. Овие активности, како што најави министерот Кучи, ќе бидат продолжени и во 2017 година за што се издвоени 25 милиони денари.
„Старата чашрија како културно наследство го доби своето место, но не треба само да се преземаат бенефециите туку и обврските. Ние како носталгичари на Старата чаршија сакаме да ја оставиме во иднината на идните генерации", рече Зоре Темелковски, претседател на Македонско-Бугарската стопанска комора.
На присутните им се обрати и Агим Шахини од Бизнис Алијансата на Косово кој истакна дека и во Косово голем број општини работат на заштита на традцијата на чаршијата.
„Ние како бизнесмени сакаме да ја продолжиме соработка и во други форми, но никогаш не заборавајте дека во оваа чаршија каде што ние денес водиме бизнис, и нашите татковици воделе бизнис. Но, тогаш немаше автомобили, немаше никаков проблем за паркирање, а денес чаршијата треба да се реформира и да се инвестира во неа", истакна Шахини.
Свои поздравни обраќања имаа и претседателот на Стопанската комора на Северозападна Макеоднија, Неби Хоџа и претставниците на занаетчиите во чаршијата кои ја истакнаа улогата на промоцијата и афирмацијата на чаршијата, но и побараа да и се посвети повеќе внимание бидејќи, како што рекоа, таа претставува културно богаство на Скопје и Република Македонија.
По обраќањата на официјалните претставници на институциите и организациите, дружењето продолжи со прошетка на занаетчиите во чаршијата, а потоа и на дегустација на ќебапите од Старата скопска чаршија.