Ekip
14 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
АНКАРА (АА) - „Ја поздравуваме операцијата која е гласник на совеста на човештвото во однос на нападот врз Дума, за кој постојат многу силни сомневања дека зад него стои режимот на Асад", порача Министерството за надворешни работи на Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Како одговор на нападот со хемиско оружје врз Дума на 7. април, САД, Велика Британија и Франција рано утрово бомбардираа повеќе позиции на режимот на Асад во Дамаск и Хомс, а меѓу другото, се работи и за магацини со хемиско оружје.
Турција, операцијата од страна на САД, Велика Британија и Франција против сирискиот режим ја смета како соодветна реакција. Во соопштението дадено од страна на Министерството за надворешни работи на Турција, се нагласува дека е јасно дека режимот на Асад веќе повеќе од 7 години спроведува насилство врз сопствениот народ, употребувајќи конвенционално и хемиско оружје, а со тоа врши воени и злосторства против човечноста.
Со цел извршителите на овие злосторства да не останат неказнети, и спречување на употребата на хемиското оружје во иднина, неопходно е првенствено членките на Советот за безбедност на ОН, но и целата меѓународна заедница, да ги усогласат своите ставови по тоа прашање.