Duygu Yener
23 Ноември 2017•Ажурирај: 23 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Вицепремиерот на Турција, Хакан Чавушоглу, изјави дека претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, ќе биде првиот претседател на оваа земја кој по 65 години ќе ја посети Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Вицепремиерот Чавушоглу истакна дека посетата што ќе се оствари во претстојните денови ќе го комплетира сето она што е претходно направено.
„Има три конкретни проекти. Првиот од нив е да се воспостави траектна линија помеѓу Измир и Солун, за транспорт на луѓе и роба. Втор проект е изградба на брза железничка линија Истанбул – Солун, а третиот проект е изградба на мост на граничниот премин помеѓу Ипсала и Кипи“, рече вицепремиерот Чавушоглу.
Чавушоглу истакна дека посетата на Грција од страна на претседателот Ердоган ќе овозможи односите меѓу двете земји да се издигнат на повисоко ниво.
Вицепремиерот потсети дека во почетокот на овој месец и самиот го посетил Комотини, своето родно место, додавајќи дека за време на посетата на Грција, остварил средби во Атина и во Западна Тракија.
- „Не може да се измени фактот дека сме соседи“ -
Вицепремиерот Чавушоглу нагласи дека во февруари следната година, во Солун ќе се одржи состанок за стратешка соработка на високо ниво, информирајќи за проектите што ќе се спроведат.
Зборувајќи за трите конкретни проекти, Чавушоглу наведе дека станува збор за воспоставување траектна линија помеѓу Измир и Солун, за транспорт на луѓе и роба, потоа изградба на брза железничка линија Истанбул – Солун и изградба на мост на граничниот премин со Грција, помеѓу Ипсала и Кипи.