Hakan Ceyhan Aydoğan
16 Август 2016•Ажурирај: 17 Август 2016
МОСКВА (АА) – Претседателот на Русија Владимир Путин изјави: „Се трудиме искрено за повторно воспоставување на односите со пријателската држава Турција во сите димензии“, јавува Anadolu Agency (AA).
Од состанокот во Сочи со претседателот на Казакистан Нурсултан Назарбајев, во делот отоворен за медиумите, Путин даде изјава во врска со средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и за нормализацијата на односите меѓу Русија и Турција.
„Се трудиме искрено за повторно воспоставување на сите димензии од односите со Турција, земја која за нас е пријателска и со која имаме односи на соработка коишто траат со години. Последната посета на Ердоган во Русија покажа дека не само што сме заемно подготвени да ги ревитализираме билатералните односи, туку и да продолжиме со широки активности за развивање на овие односи“.
Рускиот претседател Путин му се заблагодари на Назарбајев за трудот кој го вложил за подобрувањето на односите меѓу Турција и Русија.
Исто така, и Назарбајев го изрази своето задоволство за подобрувањето на односите меѓу Анкара и Москва.