Murat Paksoy,İsmail Özdemir,Birgül Anda,Kaan Bozdoğan
22 Септември 2018•Ажурирај: 23 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Еродган, им се обрати на посетителите на ТЕКНОФЕСТ Истанбул и порача дека Турција стана земја чија индустрија за одбрана самостојно произведува 65 отсто од нејзините потреби, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган, во своето обраќање на ТЕКНОФЕСТ Истанбул, рече: „Секој настан што го доживеавме последните години, претставува особено предупредување за нас. Од тој аспект, тоа значи дека во преден план треба да се истакнат инвестициите на сите технолошки полиња.“
Турскиот претседател истакна дека националниот технолошки напредок во Турција постигна успех.
„Можно е да станеме земја која произведува технологија. Сѐ додека на полето на технологијата сме само корисник, на ниту едно друго поле не можеме да ја гарантираме нашата слобода. Во денешниот свет, прв услов за вистинска независност претставува да се дојде до степен на земја која дизајнира, произведува и извезува технологија. Доколку немате дигитална безбедност, колку и да преземате физички мерки, не можете во вистинска смисла да ја остварите слободата. Турција стана земја, чија индустрија за одбрана самостојно произведува 65 отсто од нејзините потреби.“
- Авионот на АТА го следеа авиони од типот Ф-16
Претседателот Ердоган со авион слета на новиот, трет аеродром во Истанбул, каде што се одржува Фестивалот ТЕКНОФЕСТ за воздухопловство, вселена и технологија.
По напуштањето на претседателскиот дом во Кисикли, Ердоган со авион слета на новиот истанбулски аеродром каде што се одржува Фестивалот ТЕКНОФЕСТ за воздухопловство, вселена и технологија, организиран од страна на Фондацијата „Технолошки тим на Турција“ (T3) и Општина Истанбул, на кој Anadolu Agency (AA) е глобален медиумски партнер.
Авионот АТА во кој се наоѓаше претседателот Ердоган, беше следен од авиони од типот Ф-16. По нискиот лет во кој Ердоган ги поздрави граѓаните, тој слета на аеродромот. Младите кои го пречекаа претседателот Ердоган, забележаа дека тој е облечен во пилотска униформа со претседателски еполети.
При слетувањето на истанбулскиот аеродром, Ердоган се фотографираше со членовите на екипата на ТЕКНОФЕСТ кои го пречекаа.
Авионот во кој беше претседателот Ердоган, беше придружуван од авиони Ф-16 во кој пилотираше министерот за одбрана, Хулуси Акар.
Претседателот Ердоган, во придружба на неговата сопруга Емине Ердоган, министерот за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, министерот за здравство, Фахретин Коџа, градоначалникот на Истанбул, Мевљут Ујсал и претседателот на делегацијата на Фондацијата Т3, Селчук Бајрактар, ги посети штандовите на Фестивалот ТЕКНОФЕСТ за воздухопловство, вселена и технологија во Истанбул, и се информираше во врска со проектите изработени од учениците и студентите.
Претседателот Ердоган, придружуван од својата сопруга Емине, потоа премина на бината поставена пред главната контролна кула на новиот аеродром, од каде што ги поздрави посетителите на Фестивалот ТЕКНОФЕСТ. Во тоа време хеликоптери од моделот АТАК, во воздух приредија шоу на народниот танц хармандали.