Bahtiyar Abdukerimov
01 Септември 2018•Ажурирај: 02 Септември 2018
ТАШКЕНТ (АА) - Узбекистан одбележа 27. годишнина од својата независност, со церемонија одржана во Палатата на форуми во главниот град на оваа земја, Ташкент, јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата учествуваа претседателот на Узбекистан, Шевкет Мирзијојев, високи владини претставници, високи узбекистански претставници, шефовите на странските мисии во земјата, меѓу кои и амбасадорот на Турција во Ташкент, Ахмет Башар Шен, и воениот аташе, полковникот Мустафа Балоглу, како и голем број поканети гости.
Претседателот Мирзијојев, во своето обраќање истакна дека во текот на годините, во земјата се постигнати значајни успеси, и додаде дека животот на граѓаните е целосно променет.
Тој рече дека бројни компании кои работат со високи технологии, започнале со проекти, со чиј резултат е забележан пораст од 12 отсто во реалните приходи на граѓаните, во споредба со истиот период минатата година.
Мирзијојев нагласи дека покрај постигнатите успеси, сѐ уште има многу да се работи, и дека во овие рамки потребен е пораст на одржливоста на економијата кон конкуренцијата, обезбедување вработување за младите, осигурување социјална правда, како и развој на здравствениот и образовниот сектор.
По повод 27. годишнина од независноста на Узбекистан, во земјата е прогласен четиридневен празник.