Bekim Laci
07 Април 2016•Ажурирај: 08 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) – Австрискиот министер за одбрана и спорт, Ханс Петер Доскоцил, кој претстојува во официјална посета на Република Македонија, со високи почести денеска беше дочекан од својот колега Зоран Јолевски, кому во име на австриската војска му предаде донација за Армијата на Република Македонија (АРМ) која што се состои од 15 визири за ноќно набљудување, јавува Анадолу Агенцy (АА).
По средбата министерот Јолевски информираше дека билатералните односи се на високо ниво во кои посебно се издвојува соработката во областа на одбраната, за што во петокот во Виена беше потпишана годишната програма за соработка помеѓу двете министерства во која се вклучени многу активности.
Според Јолевски за време на средбата се разговарало за мигрантите и во оваа насока било изразено задоволството во врска со активностите на државите од таканаречената Балканска рута.
„Како резултат на минатонеделната средба во Виена и посетата на мојот колега на Грција и Македонија, со иницијативата на колегата од Австрија ќе составиме документ кој министерот Доскоцил ќе го презентира на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ наредната недела. Со овој документ ќе ги презентираме нашите ставови за надминување на големата мигрантска криза”, рече Јолевски, додавајќи дека Македонија го поздравува договорот помеѓу Турција и ЕУ.
Австрискиот министер за одбрана, Ханс Петер Доскоцил, од своја страна реќе дека Македонија има важна улога во одбраната на границите не само на Балканската рута туку и на Австрија и Германија за што се надева дека за решение на проблемит со мигрантите ќе се вклучат и државите што се надвор од ЕУ.
Како што најави австрискиот министер, меѓу клучните теми на денешната средба, но и на средбата која ќе се одржи следната недела во ЕУ, ќе биде тероризмот.
„Се согласивме дека во пошироки рамки на Балканот има тенденции за радикализација. Се согласивме, исто така, дека на оваа тема треба поинтензивно да се работи, што подразбира не само институционална соработка туку и разменување на информации во рамките на овие институции. Не треба да се затвораат очите пред овие закани и да се преправаме дека тие не постојат”, рече австрискиот министер.
Министерот Доскоцил нагласи дека неговата земја е заинтересирана за продлабочување на односите помеѓу двете држави, а додаде дека австриската влада во вторникот донела одлука за донација наменета за АРМ.