Admir Fazlagikj
15 Јануари 2016•Ажурирај: 16 Јануари 2016
СKOПЈЕ (АА) - Eврокомесарот за проширување Јоханес Хан ги започна поединечните билатерални средби со преговарачките тимови на најголемите политички партии во земјава, кои се потписнички на Договорот од Пржино. Пред почетокот на Хан рече дека се надева дека “денеска ќе имаме добар ден”, јавува Anadolu Agency (AA).
Прва средба комесарот Хан оствари со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Премиерот ја депонира својата оставка, иако е самиот свесен дека не се стига со проверката на Избиричкиот список и преговорите за медиумите, а нешто што беше поважно од политичките бомби, тоа е императив. Денеска ќе се разговара детално, сите партиципиенти имаме обврска чесно да настапиме пред опозицијата е таа која сака чесно да се постави и да им обезбеди на граѓаните фер и слободно изразување на изборите.а за тоа мора да бидат исполнети кристално чисти услови", рече Заев по средбата.
По Заев, средба со еврокомесарот Хан имаше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Лидерот на владејачката албанска партија ДУИ, Али Ахмети пред средбата со Хан рече дека нема простор за одложување на изборите, кажувајќи дека тоа ќе допринесе за продлабочување за политичката криза и економската неизвеснот.
“Сметаме дека секое одложување на изборите ќе значи и продолжување на кризата, несигурност во земјата, неизвесност кај инвеститорите и несигурност за економијата. Бараме сите стандарди да се исполнат да има фер, слободни и демократски избори, тоа е важно за нас, да ги исполниме сите стандарди и изборите да бидат прифатливи од сите страни” , рече Ахмети.
Се очекува наскоро комесарот Хан да се состане и со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, а после тоа во текот на денот најавена е и заедничка средба на еврокомесарот Хан со лидерите на четирите партии.