Özüm Yalkın
08 Октомври 2016•Ажурирано: 09 Октомври 2016
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Бан Ки-Мун којшто изминативе 10 години беше на функцијата гнерален секретар на ОН, на 31 декември ќе ја напушти ова позиција, јавува Anadolu Agency (AA).
ОН под водство на јужнокорејскиот дипломат е често критикуваат поради несупешноста да се реализират целите на основањето на организацијата и особено се критикуваат поради разочарувањето на жртвите од конфликтите, обесправените и прогонуваните цивили од Средниот исток и Африка.
Вториот мандат на Бан ки-Мун целсно помина со крвавите настани во Сирија коишто започнаа со брутална репресија на мирните протести. Според податоците на ОН бројот на загинати во сирискиот конфликт изнесува над 300 илјади. Според некои цивилни организации оваа бројка изнесува околу 500-600 илјади.
- Сирија е показател за нефикасноста на ОН
Пролонгирањето на решението, вклучувањето во војната на ДАЕШ и на другите терористички организаци предизвика овој проблем да ги надмине сириските и регионалните димензии трансформирајќи се во глобален проблем.
Според повелбата на ОН и покрај тоа што генералниот секретар на ОН има ограничени надлежности, неговата одговорност се зголемува поради претставувањето на институциоалниот идентите на ОН, очекувањата од секретарот и генерално поради историската одговорност.
Позицијата на генерален секретар на Бан Ки-мун ќе се памети како неуспешна поради цивилните жртви во Ирак, Сирија, Јемен и Јужен Судан, но не само поради ова, туку и поради останување без дом на 65 милиони луѓе во светот и поради хуманитарната криза со која се опфатени над 125 милиони луѓе, ќе биде забележена како неуспех на ОН во текот на претседавањето на Бан Ки-Мун.
Стотиците илјади жртви во Сирија и опасноста од уништување на земјата претставува показател за неефикасноста на ОН. Бан Ки-Мун во текот на овој период избра 3 специални претставници за Сирија, Кофи Анан, Ел-Ахда и Стефан де Мистура, но овие претставинци и дипломатијата на ОН не успеаа да го обезбедат ниту доставувањето на хуманитарната помош во Алепо.