İzzet Mazi,Halil Fidan
01 Јули 2016•Ажурирај: 02 Јули 2016
КИЛИС (АА) - Сириските бегалци кои спасот од зафатените земји од војна го пронајдоа во Турција, тагуваат за родната земја, но воедно се подготвуваат за престојниот Рамазански бајрам, јавува Anadolu Agency (AA)
Како и поголемиот дел од муслиманите што чистат дома така и сириските семејства ги чистат шаторите и контејнерите во кои престојуваат во бегалските кампови во Килис и Шанлифура. Се чувствуваат тажни поради тоа што Бајрамот не го дочекуваат во своите куќи во Сирија но на сите можни начини се обидуваат да создадат колку толку нормални услови како овој верски празник би го поминале во среќа и благосостојба и во некоја мера на ист начин на кој го поминувале пред шест години.
Во тек се припремите на традиционалните јадења. Во бегалскиот камп во Килис моментално престојуваат околу 14,000 сириски бегалци. И покрај тешките услови и несреќата која им се случи, тие се радуваат за Бајрам.
Сејфетин Цимен е еден од одговорните лица кои се грижат за бегалците во кампот.
„Бегалците во кампот за Бајрам се подготвуваат како и кај своите куќи. Се обидуваат да го прават она што го правеле во претходните години во своите домови во Сирија. Ние за време на Рамазан со различни активности се обидовме да им го олесниме престојот надвор од нивните куќи. Направивме и летно кино. На оние кои се во лоша економска ситуација им обезбедивме додатна помош. За Бајрам ќе имаме и гости однадвор и ќе ги дочекаме”,раскажа Цимен.
Сиријката Фатма Алабдо изјави дека се подготвува за Бајрам како и кај својата куќа. Таа посака и истакна дека сака да го дочека Бајрам на ист начин на кој го правеа во родната Сирија. Го исчистија контејнерот во кој моментално живеат, ги подготвија бајрамските слатки но беа и да купуваат со децата.
Сириецот Абдурахман Касим во Килис дојде со сопругата и децата. Тие се пречекани многу добро. Се заблагодари на властите на Турција за тоа.
„Околу две години сме тука. Две години рамазан и бајрам поминуваме тука. Оставивме се во Сирија. Дојдовме без ништо. Меѓутоа, ни недостигаат нашите домови. Се надевам дека ова е последниот Бајрам кој го поминуваме во бегство”, порача Касим.