Hasan Esen
25 Декември 2015•Ажурирај: 28 Декември 2015
КАЛЕ (АА) - Бегалците сместени во кампот во градот Кале во Франција имаат се помалку надеж за подобра иднина. Тие очекуваат помош за да обезбедат подобри услови за живот барем за нивните деца, јавува Anadolu Agency (АА).
Стотиците шатори поставени во кампот не им ја обезбедува соодветната помош и засолниште на бегалците кои од различни причини биле принудени да ги напуштат своите домови. Кампот вклучува речиси шест илјади бегалци кои доаѓаат од неколку земји.
"Од Авганистан, избегав од војната. Таму се ДАЕШ и Талибанците. Ние воопшто не бевме безбедни. Дојдовме тука за да ги спасиме барем децата", рече 44-годишниот Мухамед Шефки, сопруг и татко на осум деца.
"На ова дете не можевме да му најдеме дури и млеко. Децата премногу страдаа на ова патување", рече тој.
Единаесетгодишниот Месуд има само една желба, да се врати на училиште.
"Овој камп е многу опасен, на секој чекор се заканува болест. Многу е опасно да се живее овде, да се игра и да се движи", изјави Масуд.
Араз Азербире од Авганистан, изјави дека сака да им помогне на децата. Тој рече дека за постарите бегалци е веќе доцна, но децата се уште имаат шанса за подобра иднина.