A. Eda Ünlü Özen
19 Мај 2016•Ажурирај: 20 Мај 2016
АНКАРА (AA) - Заменик претседателот на Партијата на првдата и развојот (АК Парти) Омер Челик денес соопшти дека кандидатот за претседател на АК Партија ќе биде Бинали Јилдирим, актуелниот министер за транспорт,поморство и комуникации на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
„За кандидат за претседател на партијата е избран нашиот почитуван пријател, пратеник во парламентот и министер за транспорт, поморство и комуникации, Бинали Јилдирим", рече Челик.
Конгресот на АК Партија ќе биде одржан во недела, на 22 мај.
Кандидатот за претседател на турската владеачка Партија на правда и развој (АК Парти) Бинали Јилдирим изјави денес во Анкара дека АК Партија, партијата која ја гради иднината на народот е партија која го штити минатото и решително чекори кон иднината.
„Сите треба да знаат дека АК Партија е партија на еден пат, патот на борбата.Тоа е партија која ја гради иднината на народот. Партија која штитејќи го минатото решително чекори кон иднината. Затоа можам да речам дека во соработка со сите наши колеги, вклучувајќи го и нашиот лидер, основач на партијата, ќе продолжиме кон целта која пред себе ја има нова Турција", рече Јилдирим.
Истакнувајќи дека партиските конгреси се празници на демократијата Јилдирим рече дека АК Парија од другите партии се разликува по тоа што нејзините конгреси не се полигони за карања и разидувања туку собри на кои се јакне заедништвото и братството. Изрази апсолутно верување дека така ќе биде и во недела и дека посилни ќе го продолжат патот на прогресот.
Осврнувајќи се на прашањато околу тероризмот Јилдирим рече дека терористичките елементи ќе бидат искоренети од турското секојдневие.
„Мојот народ може да биде мирен, проблемот на тероризмот ќе го искорениме од актуелностите во Турција", рече Јилдирим.