Mohamed Sabry Emam Muhammed
04 Септември 2016•Ажурирај: 05 Септември 2016
АДЕН (АА) - Најмалку шест војници загинаа, а тројца се ранети, во бомбашки напад кој се случи денес во јужниот јеменски град Аден, јавува Anadolu Agency (AA).
Силна експлозија одекна во близина на контролниот пункт во Аден при загинаа шест, а ранети се тројца војници, лојални на меѓународно признатата Влада.
Досега никој не презеде одговорност за нападот.
Минатата недела, терористичката организација ДАЕШ во Аден изврши бобмашки напад во кој загинаа најмалку 70 лица.
Јемен е средиште на длабока политичка и безбедносна криза која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна кога бунтовниците, предводени од страна на шиитското движење на Хусите, го зазедоа главниот јеменски град Сана, а потоа и други региони. Претседателот на Јемен, Абд Рабух Мансур Хади и неговата влада прбегнаа во Саудиска Арабија.
Јужниот јеменски град Аден има статус на привремен главен град бидејќи во него се сместени провладините сили и претставува честа мета на слични терористички напади и напади на бунтовничките сили.