Ahmet Gürhan Kartal
15 Јануари 2019•Ажурирај: 16 Јануари 2019
ЛОНДОН (АА) - Британските пратеници со вечерашното гласање го отфрлија Договорот за повлекување на Велика Британија од Европската Унија, на премиерката Тереза Меј, со 432 гласа против, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласањето го прогласи договорот, кој беше склучен од страна на британските и претставниците на ЕУ по двегодишни преговори, за безначаен и неважечки.
За Договорот првично беше закажано гласање во Парламентот во декември, но Меј го одложи откако не успеа да обезбеди доволна поддршка.
Поддршка за Договорот вечерва дадоа вкупно 202 пратеника.
Сега од премиерката се очекува во рок од три работни дена да го информира парламентот за планот Б на владата.
Меј се обиде да ги убеди пратениците дека нејзиниот договор е најдобар за интересите на земјата и дека алтернативата би била напуштање на Унијата без договор.
Сценаријата за денешниот неуспех вклучуваат оставка на Меј, нови општи избори, продолжување на процесот на членот 50 за повлекување, референдум за договорот, или пак Брегзит без договор.
Велика Британија треба да го напушти блокот на 29 март, по над 40-годишно членство во Унијата.