Aslı Aral
04 Јули 2016•Ажурирано: 05 Јули 2016
ЛОНДОН (AA) – Заговорникот на Брексит (Излегувањето на Велика Британија од Европската унија) и лидерот на (UKIP) Партијата за независност на Обединетото кралство Нигел Фараж поднесе оставка, јавува Anadolu Agency (AA).
„Целта во политика ми беше да ја изведам Британија од ЕУ. На референдумот пред две недели народот така одлучи. Направив се што беше до мене и сметам дека не можам повеќе да направам. Покрај тоа, сметам дека е потребно да го напуштам челното место на UKIP”, рече Фараж, на прес-конференцијата одржана во Лондон.
На општите избори одржани минатата година Фараж кој не беше избран за пратеник, отстапи од позицијата претседател на партијата, за да повторно се врати.
На прашањето на новинарите дали овој пат ќе ја смени одлуката, Фараж рече дека „ниту овој пат нема да може да го вети тоа".
Референдумот одржан на 23 јуни се однесуваше на излегување на таа земја од Европската унија (ЕУ). Тогаш повеќето граѓани на Велика Британија се изјаснија дека сакаат да ја напуштат ЕУ.
По резултатите на референдумот оставка поднесе и британскиот премиер Дејвид Камерон најави дека ќе поднесе оставка која ќе стапи на сила од октомври, оценуваќи дека е најдобро постапката за истапување од Унијата да ја започне нова влада.