Kristina Maslareviç
03 Јуни 2016•Ажурирај: 03 Јуни 2016
БЕЛГРАД (АА) - На првата седница на Нароното собрание на Србија на која ќе бидат потврдени 250 пратенички мандати, ќе биде избран претседател, потпретседател и генерален секретар на Собранието, започна денес во десет часот, јавува Anadolu Agency (AA).
Седницата ја свика претседателката на претходниот состав на Собранието, Маја Гојковиќ, која и од новиот мандаторот на Влада на Србија, Александар Вучиќ, е предложена за истата функција. Со првата седница претседава Драгољуб Миќуновиќ, пратеник од редовите на Демократската странка, како најстар пратеник.
Според Уставот на Србија, Собранието се смета за конституирано со потврдување на две третини од мандатите. Покрај потврдувањето на мандатите, изборот на претседател, потпретседател и генерален секретар, на конституивната седница ќе се врши и избор на членови на постојани парламентарни делегации во меѓународните институции.
По парламентарните избори кои се одржаа на 24-ти април, во Собранието на Србија влегоа пратениците од листите на „Александар Вучиќ - Србија победува“ со 131 мандат, потоа СПС со 29 мандати, Српската радикална странка со 22 мандата, движењето „Доста беше“ и коалицијата околу Демократската странка со 16 мандати, коалицијата СДС-ЛДП-ЛСВ со 13 мандати.
Сојузот на Унгарците од Војводина во Собранието на Србија ќе имаат четири мандата, листата на Муамер Зукорлиќ и СДА Санџак по два мандата, додека по еден мандат имаат Зелената странка и Партијата за демократско делување.