Büşra Selvi Öğütcen
14 Февруари 2017•Ажурирај: 14 Февруари 2017
СЕУЛ (АА) - Ким Џонг-Нам, полубратот на диктаторот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун е убиен во Малезија.
Повикувајќи се на неименуван извор во Владата, јужнокорејската новинска агенција Јонхап јави дека Ким Џонг-Нам е убиен во атентат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јужнокорејската телевизија „Чосун TВ“ известува дека атентатот врз Ким Џонг-Нам на еден од малезиските аеродроми го извршиле две агентки. Убиството е извршено со инјекција со отров.
Како што се наведува, двете жени успеале да избегаат од местото на настанот.
Ким Џонг-Нам е најстариот син на поранешниот севернокорејки лидер Ким Џонг-Ил. Во Северна Кореја тој нема никаква титула бидејќи е роден од вонбрачна врска на поранешниот лидер со јужнокорејската актерка Сунг Хае-Рим.