Halit Süleyman
15 Декември 2015•Ажурирај: 16 Декември 2015
АЛЕПО (АА) - Руски воени авиони денеска во Алепо во Сирија изведоа напад на стамбените населби кои се наоѓаат под контрола на опозиијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во воздушниот напад, како наведува изворот на Цивилната заштита на Алепо, загинаа пет а ранети се 20 лица. Меѓу жртвите има голем број жени и деца
Се додава дека руските воени авиони изведоа напад на населението Фиревс кое е под контрола на опозицијата која се спротиставува на режимот на Башар ал-Асад.
Руските воени авиони исто така, денеска изведоа напади и во стамбените населби Мерџе и Мешед.