Nour Mahd Ali Abu Aisha,Zeynep Hilal Karyağdı
30 Април 2016•Ажурирај: 01 Мај 2016
ГАЗА (АА) - Во Појасот Газа вчера за прв пат е организирана изложба на песови на кои се претставени неколку видови на човековиот најдобар пријател, јавува Anadolu Agency (AA).
На изложба отворена во Појасот Газа преставени се врсти на песови кои се честа појава во тој град, како и оние со кои локалната јавност се нема сретнато претходно.
Според наведувањата на координаторот на изложбата, Мухамед Шекиќ, во Газа за прв пат е организирана ваква врста на изложба на која се претставени различни врсти на песови.
Изложбата имаше и едукативен карактер, бидејќи сопственици на песовите можеа да добијат информации за тоа како да се грижат за песовите и како да ги третираат.
Дресер на пес, Хусаин ел Ахрас, изјави дека младите во последните неколку години за да си го исполнат слободно време се посветиле кон дресирање и грижа за песовите.