Betül Yürük
20 Јануари 2016•Ажурирај: 21 Јануари 2016
ДАВОС (АА) - Германскиот претседател Јоаким Гаук на Светскиот економски форум во Давос порача дека е ,,човечка обврска" да се примат бегалците кои се жртва на војни , јавува Anadolu Agency (AA).
Денеска во швајцарскиот Давос започна 46 Светски економски форум (WEF), а на учесниците им се обрати германскиот претседател Гаук, кој зборуваше за бегалската криза во Европа.
Потсетувајќи дека во текот на минатата година во Германија дојдоа повеќе од милион бегалци, Гаук рече дека се тоа луѓе кои се приморани да бегаат од војни, судири, насилство и зло во нивните земји.
„Нашата човечка обврска е да ги примиме во своите земји бегалците кои се загрозени од војни. Секако дека ќе мораме да потрошиме и пари за да ги заштитиме бегалците на кои заштитата им е потребна", рече Гаук.
Денеска во Давос започна Форум кој ќе трае до 23 јануари, а во ова планинско место во Швајцарија се собраа повеќе од 2.500 учесници, меѓу кои се лидерите на држави или влади на повеќе од 40 земји и повеќе од 500 бизнисмени.
Главни теми на овогодинешниот Форум се бегалската криза, климатските промени и другите проблеми на глобално ниво.