Erbil Başay
03 Јули 2018•Ажурирај: 03 Јули 2018
БЕРЛИН (АА) - Претседателот на Христијанско-социјалната унија (CSU), Хорст Зехофер, изјави дека со Христијанско-демократската унија (CDU) на актуелната канцеларка Ангела Меркел постигнале договор за спорот околу мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
„По интензивните разговори на ЦДУ и ЦСУ постигнавме договор за тоа како можеме во иднина да ja спречиме илегалната миграција на границата меѓу Германија и Австрија“, изјави Зехофер вечерва пред новинарите во Берлин, по преговорите кои траеја неколку часа.
Тој истакна дека е задоволен од договорот, додавајќи дека и понатаму сака да остане министер за внатрешни работи на Германија.
Сè уште нема конкретни детали за договорот кои го постигнаа двете партии.
Зехофер во неделата, на неколкучасовната седницата на ЦСУ, понуди оставка на местото лидер на партијата и министер за внатрешни работи поради несогласувањата со мигрантската политика на германската канцеларка.
Сепак, набрзо се согласи на нови разговори со челниците на сестринската ЦДУ.
Германската канцеларка Меркел и министерот за внатрешни работи на земјата, Хорст Зехофер, имаат различно мислење кога станува збор за решавањето на проблемот со мигрантите и азилот.
Зехофер смета дека од границите треба да се вратат бегалците кои претходно се регистрирани во земјите-членки на ЕУ, оние на кои претходно им е одбиено барањето за азил во Германија, или оние кои немаат документи, додека Меркел сака да го реши проблемот со земјите-членки.