Furkan Naci Top
07 Март 2018•Ажурирај: 08 Март 2018
АТИНА (АА) - Грчката полиција спроведе операција, во која приведе седум припадници на екстремната десничарска група „Combat 18 Hellas“, поради сомнение дека извршила повеќе напади врз левоориентираните групи и мигрантите, јавува Anadolu Agency (AA).
Грчките единици за борба против тероризам, соопштија дека во главниот град Атина, во Сер и во Јанина спроведени се операции, во кои меѓу приведените се наоѓаат и лидерите на оваа организација.
Приведените се товарат за саботажа, членство во криминална организација и поседување експлозив.
Единиците за борба против тероризам извршиле упад во десет куќи, во кои заплениле експлозивни средства, кои се користат при изработка на бомби, молотови коктели, орудија за сечење и дупчење, наркотички средства, автоматско оружје и голем број документи и симболи на екстремната десница.
И вчера грчката полиција спроведе операција против истата организација, приведувајќи шест лица, од кои петмина се притворени.
Грчките медиуми објавија дека полицијата ги започнала операциите врз основа на разгледаните видеоснимки и прислушуваните телефонски раговори. Во веста се наведува дека притворените лица се припадници на Неонацистичката група „Combat 18 Hellas“ и учествувале во најмалку 20 напади со бомби и молотови коктели.
Групата „Combat 18 Hellas“ е позната како вооружен огранок на организацијата „Blood and Honour“ („Крв и чест“), формирана во Лондон 1992 година.